За изложбата “Приватни демони” во Младински Културен Центар

864

Неделава, во горното фоаје во МКЦ, се отвори изложбата на фотографии на фоторепортерката и дипломиран архитект Маја Јаневска Илиева, во соработка со ликовниот уметник Велимир Жерновски.

На изложбата пред бројните фотографи и новинари, беа претставени 12 панели со отпечатени фотографии снимени на иста локација, но на различна светлинска изложеност (едната денска, другата навечер). На вечерната фотографија, Жерновски врши светлинска интервенција користејќи ја темнината како платно за цртање на неговите фантастични форми.

Изложбата има за цел, преку визуелна манипулација, да ја истражи можноста за јавниот простор да се претвори во приватен, а при тоа да не се наруши неговата категорија на отвореност за сите, велат организаторите.

Изложбата е во состав на Ин Ситу саемот за уметност и ќе трае сѐ до недела од 12 часот напладне до полноќ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.