На денешен ден 12 септември 1927 година – Родена Грејс Кели, актерка и принцеза на Монако

1351

Грејс Патриша Келис (родена на  е на 12 септември1927 година а починала на 14 септември 1982 година ,само два дена по наполнувањето на 55-тата гдина од животот. Таа била американска актерка која по венчавањето во 1956  година за кнезот на Монако Рејнер III, станала Кнегиња на Монако, именувана како Нејзиното Височество Кнегињата од Монако, често нарекувана „Принцеза Грејс“.

По впуштањето во актерските води во 1950-тата година, на 20 годишна возраст, Грејс Кели се појавила на њујоршката театарска сцена, како и во повеќе од четириесет епизоди од актуелните драмски дела, емитувани за време на раните 50-ти години. Во октомври 1950-тата година  со објавувњето на филмот „Могамбо“, таа станала филмска ѕвезда, углед потврден и во 1954 година со наградата Златен глобус и номинацијата за Оскар, како и главни улоги во 5 филма, вклучувајќи го и „ Провинцијалка“, во кој покажала изведба наградена со Оскар. Се повлекла од актерството на 26 години за да започне со нејзините должности во Монако. Таа и кнезот Рејнер имаат три деца: Каролина, Алберт и Стефани. Таа исто така ги задржала своите американски корени, одржувајќи двојно, американско и монашко државјанство.

Грејс Кели починала на 14 септември година, кога изгубила контрола врз своето возило, доживувајќи мозочен удар, и се судрила. Нејзината ќерка, Принцеза Стефани, била во автомобилот со неа и ја преживеала несреќата.

Во јуни 1999 година, Американскиот филмски институт ја поставил на 13-то место на нивната листа за врвни женски ѕвезди на америкнското кино.

Монако  или официјално Кнежевство Монако (Principauté de Monaco; Principatu de Múnegu) е мала независна држава во Западна Европа. Монако се наоѓа на брегот на Средоземно Море  и граничи од три страни со Франција а од Италија Монако е оддалечен само 16 километри. Вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри и има население од 33.000 жители.

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението. Често Монако се именува како Лас Вегас во Европа.

Монако е Уставна монархија и кнежество, каде на чело на државата е кнезот Алберт II. Династијата Грималди владеела со Монако уште од 1297 година и официјално независноста на Монако била призната во 1861 година. Иако Монако е независна држава, безбедноста на државата е во рацете на Франција.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.