Почетна ЗАБАВА И МУЗИКА Хороскоп Астро приказна -Што шепотат ѕвездите до крајот на месец септември?

Астро приказна -Што шепотат ѕвездите до крајот на месец септември?

1273

И месец септември некако се измолкнува ден за ден. Летото е пред крајот, иако со високите температури, како да не сака да си замине а есента веќе нестрпливо чека на прагот. Како годишните времиња, така и ѕвездите ја менуваат својата положба, позиција или опозиција по некоја коњукција и даваат, кај некого поголеми кај некого помали промени. Сите посакуваме промените да се на добро но, не оди секогаш така, иако Универзумот секогаш потсетува дека лошите промени и настани се за некоја наша нанаучена или недоучена лекција да поднаучиме или да ја повториме.

И се чини дека септември ќе не раздвижи од 14-от ден кога :

Меркур
Полна месечина
Венера

 

14 септември- Настапува полна месечина во риби

14 септември- Меркур влегува во вага

14 септември-  Венера влегува во вага

 

Сатурн
Сонце

 

Млада месечина

 

18 септември- Сатурн преминува во директно движење во јарец

23 септември- Сонцето влегува во вага

28 септември- Настапува млада месечина во вага

 

Време е за ред, организираност и смиреност! Планетите транзитираат низ девица, што значи дека е време да ставиме крај на хаосот, импулсивноста и препуштањето на случајноста, но и да се насочиме кон планирање и фокусирање на деталите. Секоја ситница е важна ако во септември посакувате успеси. Но, не брзајте во ништо, што и да правите!

Дозволете ѝ на вашата интуиција да се појави на 14 септември, кога ќе настапи полна месечина.

На љубовен план, ќе ве радува на повеќето знаци  хармонија и складност. Сонцето, Меркур и Венера ќе се погрижат да имате романтични мигови и многу љубов во воздухот.

Во последната седмица од септември ќе треба да се посветите на најблиските личности. Секоја силна врска е важна па затоа негувајте и чувајте ги !

Напомена: Девиците и Вагите најсилно ќе го почувствуваат позитивното влијание од планетите.

Совет: Застанете смирено, послушајте го вашето срце и ум и препознајте го шепотот на ѕвездите !

 

metropolis-big