13 јуни 1943- Згаснал животот на великанот на македонската поезија Коста Солев Рацин

787

Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин (Велес 22 декември 1908- Лопушник 13 јуни 1943 ) — македонски книжевник и социјалистички деец, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност , а неговата стихозбирка „ Бели мугри “ (Загреб 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата,филозофијата и книжевната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ.

Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.