13 мај 1901-Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основал првата македонска театарска група „Скрб и утеха“

1275

Војдан Поп Георгиев – Чернодрински , роден во Селци, Малесија 15 јануари 1875 , а починал во Софија на 8 јануари 1951 година. Тој е истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер ,артист и основоположник на македонскиот театар.Псевдонимот Чернодрински потекнува од реката Црн Дрим која тече крај неговото родно село.

Таткото на Војдан заминал во Софија на печалба во годините кога Војдан веќе требало да го продолжи школувањето, и поради тоа тој го повикал и Војдан, каде би бил со него а воедно и да си го продолжи своето образование. Тој, во Бугарија, го продолжил своето школување и се зачленил во Младата македонска дружина  Воедно, Војдан бил и најактивен член на литературниот кружок во гимназијата наречен Македонски заговор. Војдан Поп Георгиев се смета и за основач на тој кружок. Под директно влијание на Младата македонска дружина и Македонскиот заговор, членовите и активистите на овие два кружока се залагале за користење на македонскиот народен говор и тој јазик го користеле во своите литературни дела.

Според последните историски архиви и документи, Војдан го завршил своето образование во Србија . Правните науки ги започнал во Грац, ги продолжил во Берн, но студиите сепак не ги завршил. Сѐ со цел да се поврзе со ослободителното движење во Македонија, Војдан побарал учителска служба во Македонија. Тој бил назначен за учител во село Могила, Битолско.

Војдан не служел многу долго како учител во Македонија. После една година, учебната 1897- 1898 година се вратил пак во Софија, каде со тешки маки и подолги перипетии успеал да ја одржи првата негова драма на македонски јазик- „Македонска крвава свадба“. Драмата забележала голем успех и се одржале неколку репризи во Софија. По Софија, драмата се одиграла и во Пловдив . Тоа го мотивирало Војдан да се залага за формирање на Македонски театар. По извршента реорганизација на екипата со која ги одржувал претставите, тие создале нова драмска екипа под името „Скрб и утеха“. Успехот на драмската македонска екипа растеле и се одржале нови гостувања во Бугарија бидејќи немало соодветни технички услови во Македонија. По сѐ поголемиот успех на драмската екипа, таа си го променила повторно името во „Столичен македонски театар“. По одржувањето и задушувањето на Илинденското востание, новите политички прилики на Војдан му овозможиле гостувања во Србија и таму бил пречекан со големи симпатии.

По одржувањето на Младотурската револуција  во 1908, Македонија се здобила со подобра политичка клима и Војдан Поп Георгиев и неговата жена Марија Поп Георгиева (артист-аматер) пристигнале во Скопје , а подоцна и во Солун и Битола  . Тој во Македонија учествувал во организирање на учители и учителки што ги подготвувале театарските претстави. Тие организирале повеќе европски драми, меѓу кои се нашла и Македонска Крвава Свадба, за прв пат изведена во својата татковина.

Неколку години подоцна, Војдан Поп Георгиев бил мобилизиран во Балканските Војни а набрзо потоа и во Првата светска војна . Тогаш го доживеал натрагичниот момент во македонската историја- распарчувањето на Македонија. Неговиот творечки живот и понатака продолжил да опстојува но се помалав интензитет поради тоа што тој се наоѓал во бугарска средина каде се чувствувал како емигрант. Иако неговата татковина се стекнала со долго посакуваната слобода во 1945 година, Војдан не можел да се пресели во Македонија и умрел во Софија во 1951 година.

Иако не се вратил во Македонија тој во  предговорот што го напишал и според своето животно осврнување,  јасно и прецизно кажува што е и јасно ја потенцира македонската народност како посебна етничка група и неговата македонска припадност.

Војдан Поп Георгиев е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски јазик. Тој бил доста коректен кон македонскиот јазик и еден од основните критериуми за членство на актери во неговата драмска група било солидно познавање на македонскиот јазик. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода. Тој со своите текстови го бодрел и храбрел македонскиот народ. Тој со своите ставови за македонскиот идентитет и со своите залагања за организирање на востание за конечно ослободување на Македонија, здобил големи симпатии како од македонската, така и од странската јавност.

Тој со своите дела извршил големо влијание и кај некои други македонски автори како што се: Димитар Хаџи – Динев (ја напишал драмата „Револуционер“), Марко Цепенков  (го напишал текстот „Црне Војвода“) и Никола Киров Мајски (ја напишал драмата „Илинден“).

Во 1929 година, Војдан Поп Георгиев отишол во посета на еден дом за сираци каде им подарил примероци од својата драма Македонска крвава свадба. По тој повод, Војдан изјавил:„ НИКОГАШ НЕ ГО ЗАБОРАВАЈТЕ ЈАЗИКОТ НА КОЈ Е НАПИШАНА ОВАА  ДРАМА, ЈАЗИКОТ НА КОЈ ЗБОРУВАЛЕ ДЕДОВЦИТЕ И ПРАДЕДОВЦИТЕ ,РОДИТЕЛИ,РОДНИНИ И НА КОЈ ЌЕ ЗБОРУВААТ СИТЕ ИДНИ ПОКОЛЕНИЈА И ПОКРАЈ ТЕРОРОТ НА ПОРОБИТЕЛИТЕ НА ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА “.

Во чест на Војдан Поп Георгиев, во Прилеп се одржува македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински “ а театарот во Прилеп го носи неговотот име.

Bо 1973 година, синот на Војдан Чернодрински, Стојан ги предал сите ракописи на славниот македонски драматург на Државниот архив на Македонија , каде што кратко по нивното архивирање бил издаден комплет од негови дела, за да посведочат дека и во почетокот на минатиот век сме имале уметници што го практикувале македонскиот народен јазик, од кој произлегоа научните кодификации. И сето тоа како аманет од неговиот татко, неговото творештво да биде пренесено во Македонија .

Дпчгогодишните и ековни залагања во културата и уметноста на бројни врвни дејци за развој и ширење на македонската култура , несомнено оставиле небришна трги , по кои се надоградувала истата и покрај нападите и сеуште негирањето на постоење на македонската култура и уметност, на македонскиот јазик,ТОЈ НЕСПОРНО Е ДЕКА ПОСТОИ И ЌЕ ПОСТОИ.

Користени фотографии и информации од www.vikipedia.org/на македонски јазик

М-р Татјана Гогоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.