15 октомври 1984 – Во Канада излезе првиот број на весникот “Македонија“

169

Во Торонто ,Канада , излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“ ,кој излегува веќе 38 години.

Весникот „Македонија” има посебно место во аналите на новинарството меѓу иселеништвото во Канада и пошироко во дијаспората. Тој 38 години е вистински афирматор на Македонија и македонскиот народ, со изразена национална и благородна мисија, особено меѓу Македонците во Торонто и околината. Тој е еден од весницити од ваков вид на тие канадски просторн, што ги афирмира македонскиот мајчин јазик, литературата и културата, како и активностите и достигнувањата на повеќе од стотина илјади Македонци кои привремено или засекогаш свиле гнездо во Канада.

Овој значаен македонскн гласник првпат од печат излезе на 15 октомври 1984 година, а потоа редовно секој 15-ти во месецот. Тој како македонски месечен информатор излегува и денес, a неговите страници се исполнети со текстови и фотографии од активностите и животот на Македонците во новата средина, како и голем број рекламни материјали од наши деловни луѓе што живеат во демократска и мултииултурпа Канада.

Првиот број од 1984 тодина беше именуван како „Македонски народен весник” чија глава беше дадена на кирилица, меѓутоа текстовите што следеја во отсуство од кирилична азбука, беа пренесени на латиница. Исто така, на првата страница беше дадена етно географска карта на Македонија.

Во воведникот, меѓу другото, се нагласува: „Весникот „Македонија” е гласило за сите родољубиви Македонци кои живеат далеку од својата родна грутка. Целта на весникот е да донесува новости од родната земја: за природните богатства, секојдневните настани и слично. Весникот ќе биде огледало за сите читатели, бидејќи ќе се печати во Торонто и ќе биде простор за објавување на активностите на културно-уметничките друштва, спортските клубови и друг вид асоцијации, со што ќе си го најде своето место меѓу Македонците во Канада и во сите срца ќе го внесе македонскиот патриотски дух“.

Весникот „Македонија“ започна да го издава издавачки колегиум на чело со Горнан Јовановски и Танас Јовановски. Првите три броја се печатени на осум страници на среден формат (29 х 43 см) што е задржан во понатамошниот период. Од четвртиот број се печати на дванаесет страници, а само неколку пати е печатен на осум страници. Уште од вториот број се среќаваат текстови на англиски јазик и голем број реклами. На вториот број во десниот агол е поместена фотографија на Грце Делчев. Од бројот десет, пак, не се печати повеќе етничката карта на Македонија.

По првата година од излегувањето на овој весник се појавиле финансиски тешкотии, но и тешкотии од други субјективни и објективни причини, па така од тринаесеттиот број па натаму сопственик и главен и одговорен уредник е само Танас Јовановски. Оттогаш весникот има нова форма, тој го задржува името „Македонија”, а на насловната стравица во десниот агол е картата на Македонија во чија средина има фотографија на Гоце Делчев. Од македонски народен весник стана гласник за Македонците  од  Северна  Америка.

Весникот „Македонија” и во минатото и денес се печати на литературен македонски јазик, а голем број материјали од историјата, литературата и културата се дадени и на англиски јазик, со цел со нив да се запознаат и читателите од англосаксонското говорно подрачје. Главниот и одговорен уредник и сопственик на ова гласило Танас Јованавски потекиува од печалбарското преспанско село Брајчино. Тој е ентузијаст и пријател на новинарството, со што волонтерски се занимава и во слободното време, За весникот „Македоннја” Танас беше: сопственик, уредник, дактилограф, компјутерски работинк, печатар, дистрибутер, со еден збор тој му ја даваше душата на ова македонско гласило.

Весникот „Македонија” и во минатото и денес претставува вистински иселенички гласник и афирматор на сé она што е македонско. Тој особено придонесува за афирмирање на културното богатство на македонскиот народ во новата средина и дава значаен прилог во зближувањето меѓу Македонците и другите етнички групи, со посебен акцент врз врските меѓу македонските и канадските културни достигнувања.

Весннкот “Македанија” привлекува со својата разновидна содржина на текстови, кои во голема мера го презентираат актуелниот момент од богатиот национален, културно-просветен и спортски живот на македонските доселеници во Канада. Тој е тесно поврзан со вистината и со судбината на македонскиот народ, како и со Република Македонија. Преку него се стекнуваат сознанија за активностите на Македонците во новите средини во Канада и САД, а посебен простор се посветува на информациите што на иселениците им се нужни, a ce однесуваат на прашања од секојдневното живеење.

Во исто време весникот ги афирмира македонските православни црковни општини и асоцијации што работат во рамките на општините и другите македонски друштва и здруженија. Сето тоа придонесува весникот „Македонија“ да биде драг гостин во македонските домови и да претставува дел од мозаикот на македонската и канадската култура.

Весникот „Македонија“ како месечно информативно гласило денес обилува со многу богати содржини, илустрации и други прилози кои значат придонес на македонското и канадското новинарство. Тој е еден од ретките македонски весниди со најдолг период на печатење во дијаспората. Весникот  е еден од најсодржајните меѓу гласилата во иселеништвото кој се печати во поголем тираж и е безплатно гласило.  Во овој  период од 34 години на печатењето во него учествувале со свои текстови бројни соработници од дијаспората и од Република Македонија, меѓу кои посебно место имаат во почетните години имаа Петре Гиневски, Мето Јовановски, авторот на овие редови, Славе Катин и голем број други познати вљубеници во новинарството.Весникот „Македонија” е еден од најзначајните гласила кој е на страната на македонските доселеници, на македонскиот народ, на Република Македонија и на македонската вистана во целина.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.