2. јуни 1739 – Во Стохолм основана Кралската Академија на науките

906

Кралска академија на науките  Kungliga VetenskapsakademienKVA) — една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките , пред сè природните науки и математиката.

Академијата е основана на 2 јуни 1739 година  од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.

Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик  за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала  (основано во 1719 г.), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, кадешто биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво  во Лондон и Кралската академија на науките  во Париз.

Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди:

Нобелови награди за физика и хемија

Нобелова награда за економија

Крафордови награди за астрономија, математика, геонауки и бионауки

………………….

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.