Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина член на ансамблот на Бољшој театар

1007

На сцената на “Бољшој“  театарот, 18-годишната Стефанија Гаштарска го имаше своето деби пред две години, кога настапи во улогата на принцезата Аурора во балетот „Заспаната убавица“.

Гаштарска има завршено основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а средно музичко училиште во Русија. Стефанија е првата македонска балерина која своето образование го заврши на престижната  балетска академија „Бољшој“ со најдобри оценки.

Ова е остварување на еден детски сон но и голема потврда за македонскиот балет.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.