20 мај 1876- Избувнало Разловечкото востание во Источна Македонија

940

На 20 мај 1876 година во  селото Разловци во Источна Македонија избувнало Разловечкото востание  на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.

Вo втората половина на XIX , Османлиското Царство западнала во тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот  што останале во нејзин состав. Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои вршеле грабежи и убиства.

За кревање на ова востание големо влијание имале и надворешните фактори. Во 70-тите години на XIX век револуционерното движење на поробените народи за национално ослободување најнапред се разгорело во Босна и Херцеговина во јуни 1875 година  и во Бугарија во април 1876 година. Потоа започнала и војната меѓу Србија ,Црна Гора и Русија  против Турција , во јуни 1876 година, која многу придонесла за влошувањето на положбата на македонскиот народ, бидејќи тој бил изложен на голема експлоатација; морал да работи ангарија за правење патишта и други објекти и да ја финансира војната преку плаќањето на нови и тешки даноци. Селаните најмногу страдале од своеволијата на собирачите на даноците и полските (пољаците), како и од разбојничките банди. Сето тоа го натерало македонскиот народ во Источна Македонија да се крене на вооружено востание против турската феудална власт, за национално ослободување.

Главни иницијатори и организатори на востанието биле ДИмитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.