Македонскиот писател Петар Андоновски е добитник на европската награда за литература

978

Македонскиот писател Петар Андоновски за својот роман „Страв од варвари“, во издание на „Или-Или“, е добитник на Европската награда за литература. Заедно со него, добитници се уште 13 европски писатели.

Покрај Андоновски, во потесната конкуренција за наградата уште тројца македонски писатели – Давор Стојановски со „Утеха за голите“, Ѓорѓи Крстевски со „Другата страна“ и Михајло Свидерски со „Последните денови на Ханс“. Во потесниот избор биле 47 автори од 13 европски земји.

Петар Андоновски е автор и на делата „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три изданија).

Досегашни добитници на наградата за литература на ЕУ се Гоце Смилевски за делото „Сестрата на Зигмунд Фројд“, Лидија Димковска за „Резервен живот“ и Ненад Јолдески за „Секој со своето езеро“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.