22.април – Ден на Планетата Земја

1532

22. април е Ден на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. Овој ден за првпат е одбележан во Соединетите Американски држави  во 1970-тата година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Тема на годинашното меѓународно одбележување на Денот на планетата Земја е „Заштитете ги нашите видови” (Protect Our Species) и има за цел да едуцира и да ја подигне свеста за брзото намалување на популацијата на растенија и диви животни предизвикано од човечки активности.

 

Во целиот свет, па и кај нас се одбележува овој ден со разни еколошки, хортикултурни, литературни активности, драмски манифестации со единствена цел, развивање на чувството за чување и заштита на Планетата Земја.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.