22.декември 1908-Роден поетот кој живее низ неговите стихови, Коста Солев Рацин

669

Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин ( Велес ,22.декември 1908 -Лопушник,13 јуни 943 ) — македонски книжевник и социјалистички деец, најпознат по својата поесија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност , а неговата стихозбирка „ Бели мугри“ ( Загреб,1939 ) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и сопроза , а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ.

Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен Костурницата во Велес , каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари.

Повеќе пати до денес се предложила и разгледала идејата Кочо Рацин да биде погребан во засебен гроб во центарот на Велес. Идејата била прифатлица за семејството Солеви и градоначалникот на Велес, но не и од Сојузот на борци на Велес. Како и да е Големите луѓе велат, имаат само ден на раѓање. Тој живее низ неговите дела.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.