Со нова песна Ед Ширан се врати на сцената , токму навреме за да им ги честита празниците на неговите обожаватели

471

Композиторот, текстописец и пејач Ед Ширан вчера објави нова песна наречена „Afterglow“,после долга пауза на естрадата. Тој веќе подолго време работи на нов албум, кој планира да го објави следната година.

„Песната „Afterglow“ ја напишав минатата година и Ви ја посветувам на сите Вам пред празниците. Ова не е прв сингл од иден албум, туку е само песна што ја сакам и се надевам дека ќе ви стане драга и на вас. Уживајте!

Ви посакувам безбеден и среќен празник за време на празниците. Среќна Нова Година!“, објавил Ширан на неговата фан страна.

Оваа песна дефинитивно е негов празничен подарок на обожавателите ширум светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.