23 септември – Значаен ден во Астронимијата, есенска или пролетна рамнодневница

896

23 септември е 266-иот ден во годината според григоријанскиот календар (267-и во престапна година). Остануваат 99 денови до крајот на годината.

Во зависност од која страна на светската хемисфера се наоѓате овој ден носи промина на годишно ниво, кое се повторува. Затоа ова е значаен ден во астронимијата која укажува дека на Северната хемисфера е првиот ден на есента а на Јужната хемисфера настапува првиот пролетен ден.

Во астрологијата овој ден е познат по тоа што е цел ден откако настапи хороскопскиот знак Вага. Сонцето следните 30 денови ќе престојува во Вагата носејќи промени на сите родени во овој знак или оние на кои им е подзнак.

Во знак на Астрологијата на 23 септември 1846 година Германскиот астроном Јохан Готфид Галеја ја открил планетата Нептун.

Нептун е осма и најоддалечена планета во Сончевиот систем. Освен овие податоци за Нептун не се знаело многу сè додека вселенската сонда „ ВОјаџер 2“ не го посетила во 1989  година. Оваа светла сина топка речиси нема никакви површинси обележја. Во време кога ја фотографирал „Војаџер 2“, серија бури познати под името Големата темна дамка (која подоцна исчезнала) можела да се види како брзо се движи во насока спротивна на ротацијата на планетата. Нептун има свои прстени како и другите гасовити џинови. Постојат четири скоро невидливи прстени составени од темни парчиња мраз. Таа е четвртата најголема планета по дијаметар и трета по маса; Нептун има 17 пати поголема маса од Земјата и е нешто помасивен од блискиот Уран, кој има маса од 14 Земјини маси, но е нешто помал поради поголемата густина.

Планетата е именувана по Нептун, римскиот бог на морето. Неговиот астрономски симбол астрономски симбол (♆,  Уникоф U+2646) е стилизирана верзија од Посејдоновиот Трозабец. Најмногу се разликува по тоа што има елиптична орбита. Сината боја на Нептун доаѓа од гасот метан. Метанот исто така влијае врз бојата на Уран.Нептун е најветровита планета во нашиот Сончев систем.

Ветриштата кои дуваат со брзина од 2.200 км на час дуваат од исток кон запад на планетата. Затоа астролозите велат дека, тоа што Нептун ќе го донесе може веднаш да го однесе.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.