25 септември 1513 -Првиот Европјанин Васко Нуњез де Балбо го видел Тихиот океан

946

Шпанскиот истражувач Васко Нуњез де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европјанин кој го видел Тихиот океан.

Панама  или официјално Република Панама (шпански: República de Panamá) е држава во копнена Средна Америка. Панама се наоѓа на т.н. Панамски Провлак, копно кое ја поврзува Северна Америка преку Средна Америка со Јужна Америка. На северозапад од Панама се наоѓа Костарика, на југоисток се наоѓа Колумбија , на север се наоѓа Карипско Море, додека на југ се наоѓа Тихиот Океан. Главен град на Панама е градот Панама , додека официјален јазик е шпанскиот.

Од европските истражувачи, Панама е посетена за прв пат во 16 век кога станала дел од Шпанското кралство . Во 1821  година, Панама се отцепила од Шпанското Кралство и се приклучила во една држава со Нова Гранада, Еквадор и Венецуела  која се нарекувала ГРан Колумбија . Со распадот на Гран Колумбија во 1830, Панама останала дел од Колумбија . Сепак, со помош на САД, во 1903 година Панама станала независна држава. Значаен момент во историјата на Панама е изградбата на Панамскиот канал, кој бил изграден со помош на САД во периодот од 1904 и 1914 година. Со договорот, Панама ја презела целата контрола врз каналот кон крајот на 20 век.

Панамскиот канал, денес, е значаен сегмент во панамската економија и истиот има најголем удел во БДП на државата. Панама е трета или четврта најголема економија во Средна Америка и е најбрзорастечка економија во регионот. Спроед Индексто на човеков развој, Панама во 2010 година била рангирана како четврта земја во Латинска Америка и 54 земја во светот. Панама е дом на најголемата прашума во Западната Хемисфера.

Тихи Океан ( Mare Pacificum што значи тивко т.е., тихо море) е најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата. Се протега од Беринговото море на Арктикот до Антарктикот на југ и до Индонезија и Колумбија. Површината на океанот изнесува 179 милиони км² , а најдлабоката точка е 11 км под површината на водата која се наога во Маријанскиот ров близу Маријанските острови, што воедно ја ретставува и најголмата длабочина на море во светот. Во Тихиот Океан има голем број острови (околу 25.000 ) и островски држави. 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.