Промоција на збирка поезија-„МОСТОВИ НА ПРИЈАТЕЛСТВО 3“

856
На 26.09.2019.година во Ликовниот салон во Велес  ќе се одржи промоција на книгата  „Мостови на пријателство 3″ од група автори од Македонија и поширокиот регион пишувана на македонски и босански јазик.

Промотори на збирката поезија се писателите Шефкија Боранчиќ, Игор Крајчев и Авдулах Рамчиловиќ, а модератор на промоцијата е претседателката на Клубот на писатели „Коста С. Рацин”, Лили Арсова.

Книгата е во издание на Здружението Диван од Скопје и е дел од одбележувањето на „28 Септември – Денот на Бошњаците”.

Промоцијата ќе се одржи  во Ликовниот салон во Велес, со почеток во 19.00 часот

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.