Почетна ВРЕМЕПЛОВ 29 ноември 1943- На второто заседание на Авној се создаде ЈУГОСЛАВИЈА

29 ноември 1943- На второто заседание на Авној се создаде ЈУГОСЛАВИЈА

2580

На 29 и 30 ноември во 1943 година  во Јајце  било одржано второто заседание на АВНОЈ .

Социјалистичка Федеративна Република Југославија (скратено СФРЈ) е поранешна Европска и Балканска  држава, која постоела од 1943 до 1992. СФРЈ е скратениот назив на Југославија.

Формирана е на 29 ноември 1943 на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце  како заедница на 5 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија,Словенија,Хрватска, Србија и Црна Гора), со првобитно име Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ). На ова заседание немало македонски претставници. Тоа име е променето на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград, во Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Социјалистичка Федеративна Република Југославија е наследничка на Кралство Југославија (1918-1943). За еден од најважните моменти што подоцна влијаеја Југославија да се распадне, се смета неуспехот на Вонредниот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, во Белград, на 22.1.1990. Престанува да постои во 1992, со отцепувањето на 4 од 6-те републики. Србија и Црна Гора, формираа нова заедница – најпрво Сојузна Република Југославија , а подоцна во 2003-та државната заедница Србија и Црна Гора.

СФРЈ се граничела со Италија и Австрија  на северозапад УНгарија и Романија на север,БУгарија на истоки Грција и Албанија на југ. Западниот дел на републиката излегувал на Јадранско море.

 

 

Јосип Броз – Тито-југословенски комунист и доживотен претседател на СФРЈ. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичка партија на Југославија од 1939 до 1980-та година и ја предводел Југославија во Втора светска војна. Бил на  чело на партизанското ослободително движење од 1941-1945 година. По војната бил прениер на Југосавија и доживотен претседател. Од 1943 до неговата смрт -1980  тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

metropolis-big