30 јуни 2002- Бразил по петти пат станува Светски фудбалски првак

406

 

Националниот фудбалски тим на Бразил е најуспешниот национален фудбалски тим во светот, со пет победи на ФИФА Светските Купови, вклучувајќи го и најблиското учество во 2002 година. Најпозната забелешка за фудбалот е: “Англичаните го измислија, Бразилците го усовршија”.

Историјата на ФИФА Светските Првенства започнува од 1930-та година. На првиот турнир учествуваат само 13 поканети земји. Денес, светските првенства се третираат како глобален феномен и вклучуваат повеќе од 200 натпреварувачки земји кои учество на турнирот бараат низ двогодишен квалификациски циклус.

Првото светско првенство е одржано во Уругвај, земјата која успева и да го освои првиот трофеј по победата над Аргентина со 4:2. Личноста која е најзаслужна за основањето на Светското првенство е французинот Жил Риме (Jules Rimet), поради што од 1950-та година, титулата што му се доделува на светскиот шампион го носи неговото име – тоа е златен пехар со тежина од 1.8 килограми, направен од чисто злато. Во 1970-та година, Бразил како трикратен освојувач го добива трофејот во трајна сопственост, но него го чува во своите витрини само до 1983-та година  кога истиот е украден. Во 1971 година претставен е новиот, уште поспектакуларен пехар, едноставно наречен ФИФА Светски Шампионат. Направен од 18 каратно злато, овој пехар со висина од 36cm и тежина од 5kg е дело на италијанскиот дизајнер Силвио Гацанини и е проценет на преку 10 милиони долари вредност. Победникот на секое светско првенство добива идентична позлатена реплика, чија изработка чини повеќе од 50.000 долари.

.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.