Почетна КУЛТУРА Театар Велешкиот театар со „Црвенкапа“ пред децата на Македонско културно лето во Пустец

Велешкиот театар со „Црвенкапа“ пред децата на Македонско културно лето во Пустец

1504

Во среда, на 3-ти јули, со почеток во 20.30 часот, Театарот „Јордан Х.К-Џинот”, Велес ќе настапи на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија со претставата за деца „Црвенкапа” во адаптација на Сашо Димоски, а во режија на Деан Дамјановски.

Црвенкапа” е современа адаптација на добро познатата сказна за Црвенкапа и лошиот волк и истата е наменета за деца и младинци. Претставата покрај комичниот и забавен елемент, има и едукативен карактер, правејќи јасна споредба помеѓу безбедноста на градот наспроти опсаностите на шумата, нагласувајќи ја презафатеноста на родителите и преокупираноста на децата со мобилните телефони, но и потребата од консумирање на здрава храна.

Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите: Славица Манаскова како Црвенкапа, Васил Зафирчев како Волкот, Самоил Стојановски како Ловецот, Кети Борисовска како Мајката и Весна Димитрова Бобевски како Бабата.

metropolis-big