4 јули 1865 – Издадена првата книга “Алиса во земјата на чудата“

1218

Чарлс Лудвиг Доџсон (27 јануари 1832 -14 јануари 1898), попознат под псевдонимот Луис Карол, англиски писател, математичар, логичар, англикански ѓакон и фотограф. Неговите најпознати дела се „ Алиса во Земјата на чудата“  и неговото продолжение „Низ огледалото“, како и поемите „Ловењето на Снарк“ и „Џабервоки“ кои денес се сметаат за едни од најдобрите примери на нонсенс литературата. Карол е познат по неговите игри со зборови и по бујната фантазија на што и се должи неговата светска популарност.

Токму на 4 јули 1862 година почнува да ја раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во Земјата на Чудата“. Точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка, која е актуелна и ден денеска ширум светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.