4.мај 1980- Почина Јосип Броз -Тито, лидерот на Југословените

453

По долга и тешка болест во Љубљана на 4.мај 1980 година почина Јосип Броз Тито, на 88 годишна возраст, претседател на СФР-ЈУгославија и водич на милиони Југословени!

Јосип Броз – Тито (Кумровец- 7.мај1982  – Љубљана -4. мај 1980) — југословенски  комунист и доживотен претседател на СФРЈугославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939-1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна . На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941-1945 година. По војната бил премиер на Југославија , а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.