5 август 1884 – Поставен е камен-темелник на Статуата на слободата

1521

На 5 август 1884-тата година на влезот од Њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуа на слободата.

ЊујоркNew York City) е најгусто населен град во САД и центар на метрополитентската област Њујорк,која е едно од најгусто населените урбани области во светот во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија,економија,култура, мода и забава.  Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната држава Њујорк, од која истоимениот град е дел.

Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејтн Ајленд. 

Статуа на СлободатаStatue of Liberty или Liberty Enlightening the World) — колосална неокласична скулптура на островот Слобода на пристаништето во Њујорк. Статуата е подарок од народот на Франција на народот на САД, и била дизајнирана од францускиот скулптор Фредерик Август Бартолди, а металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, познат како главен архитект на Ајфеловата кула во Париз. Статуата била официјално отворена на 28 октомври 1886 година.

Статуата на слободата е фигура на една жена која ја претставува Либертас, божица на римската слобода. Таа држи факел над главата со десната рака, а во левата рака носи табула ансата  на која има впишано со римски бројки: JULY IV MDCCLXXVI ( 4 јули 1776), датумот на Декларацијата за независност на САД. Статуата станала икона на слободата и на САД. На нејзината нога може да се види раскинат синџир кој укажува на тоа дека дамата била поробена.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.