5. мај 1494 – Кристофер Колумбо го открил островот Јамајка

718

Кристофер Колумбо ( Cristoforo Colombo) (1451-20 мај 1506) — морепловец и адмирал од Џенова, Италија, чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (1492–1493, 1493–1496, 1498–1500 и 1502–1504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.

Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот трет пат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лиф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбовден ) се слави во САД и наоколу во светот.

Јамајка ( Jamaica) — островска држава на Средна Америка и е дел од островската група Големи Антили . Островот Јамајка е долг 34 и широк околу 80 км. Зафаќа површина од 10.990 км². Јамајка се наоѓа во Карипско Море, на околу 145 километри јужно од Куба, и 191 км западно од Хиспаниола, островот на кој се наоѓаат државите Хаити и Доминиканска Република . Службен јазик  е англискиот, а главен град на државата е Кингстон.

Јамајка првично станала шпански посед познат како Сантијаго, потоа во 1655 година Јамајка била под англиска управа, а подоцна британска колонија позната како „Јамајка“. Островот се здобил со целосна независност во 1962 година. Со 2.8 милиони жители, таа е третата најнаселена англофонска држава воАмерика и Канада . Кралицата Елизабета останала како монарх на Јамајка .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.