Ден на македонскиот јазик -За македонскиот јазик не треба да има никакви компромиси!

1541

Со решение на Народната влада на Федерална Македонија, македонската азбука е предложена на 3 мај 1945 година, кога се вовел и правописот на македонскиот јазик, по предлог од Комисијата за јазик и правопис при Министерството на просветата. Владата ја прифатила азбуката на 4. мај 1945 година и прогласот бил објавен во весникот „Нова Македонија“ на 5. мај.

Петти мај е Денот на македонскиот јазик, кој вторпат и официјално се одбележува во Македонија. Одлуката на Владата од пред две години (по предлог од Советот за македонски јазик) токму овој датум да биде одбележан како Ден на македонскиот јазик, се заснова на објавата во „Нова Македонија“ од 5 мај 1945 г., со која азбуката е прифатена како официјално писмо.

Деновиве, за жал и после 75 години официјализирање на македонскиот јазик со своја кирилична азбука, а зад себе многувековно постоење во разни учебници, книги како јазик на кој пишувале големи дејци, автори Македонци на Балканот па и во светот, имаме наметнат актуелен политички миг и повторна борба за зачувување на најсветотто во постоењето на едена нација, јазикот.

Да тргнеме хронолошки  и да ги погледнеме фактите: Македонскиот  јазик има длабока историја од средновековието  и последователно се вклопува и Климентовата школа. Градењето на јазичната посебност на македонскиот јазик продолжува со навлегување на живиот јазик во текстовите од 16 век, дамаскините, а во 19 век и на народниот јазик во книгите, сѐ уште без свест за стандардизација на јазикот. Веќе во втората половина на 19 век, меѓу македонските интелектуалци се отвораат размислувања за стандардизација на јазикот, но и тогаш не постои ниту еден македонски интелектуалец, што го прифаќа источнобугарското наречје за основа на стандардниот македонски јазик. Дури и Прличев, кој сакал да создаде своевидна словенска јазична мешавина (словенски есперанто), признава дека охридскиот говор е сосема различен од бугарскиот јазик, кој тогаш се стандардизирал… Мисирков, во 20 век ги дава основите на македонскиот стандарден јазик, кој се развива во НОБ, а официјално се стандардизира на 3-5 мај 1945 година.

Во сегашните политички, предавнички превирања во Македонија во т.н „Договор за добрососедство и соработка со Бугарија“, од нас Македонците се бара да се откажеме од својот национален идентитет, од постоењето на македонското малцинство во западниот дел од Бугарија (Пиринска Македонија) и да се откажеме од нашиот вековен и световен македонски јазик.

Лингвистичките фати се цврсти и докажани и затоа немаат основа за изнесените лаги овие денови по којзнае кој пат , од  Бугарска страна страна но, и од страна на   внатрешната предавничка “елита“, која заговара против сопствениот народ. Фактите укажуваат на постоењето а и признавањето на македонскиот јазик како посебен јазик и нераскинлив дел на постоењето на Македонската нација и држава.

Македонскиот јазик не е загрозен! Додека има Македонци што го зборуваат македонскиот јазик, тој не може да биде загрозен. Од нас, Македонците зависи како ќе го чуваме и негуваме македонскиот јазик.  – вели Људмил Спасов, професор на Филолошкиот факултет при УКИМ и претседател на Советот за македонски јазик.(цитат од дневниот весник “Нова Македонија).

Непобитен е фактот дека македонскиот јазик не треба да биде доведен во прашање, заради некое политичко докажување и одбрана. Но, она што го заборавивме а мора да го правиме е да го негуваме и чуваме македонскиот јазик, кој мора да е во сите употреби во државата. Низ последните три децении се заборави дека треба континуирано  да се работи на светска афирмација на македонскиот јазик, преку повторно активирање на лекторатите за македонски јазик, кој за жал во овој период беа затворени.

И за почеток и  крај -За македонскиот јазик не треба да има никакви компромиси!

М-р Татјана Гогоска 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.