7 јули 2000- Година на најпопуларниот роман за деца и сите други „Хари Потер“

388

Целиот тираж на Хари Потер  и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.

Хари Потер е серијал од седум фантастични книги напишани од британската авторка авторка Џ.К.Роулинг. Книгите ги следат авантурите на адолесцентниот волшебник Хари Потер  и неговите најдобри пријатели Рон Визли и Хермиона Гринџер , од кои сите се ученици во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс . Централното дејствие се сосредоточува околу борбата на Хари со злобниот волшебник Лорд Волдеморт , кој ги убил родителите на Хари во време на првата Волшебничка војна и да го потчини неволешбничкото општество. Направени се осум успешни филмови, видеоигри и други разновидни трговски производи засновани на серијалот.

Сè од издавањето на првиот роман Хари Потер и Каменот на мудроста во 1998, книгите имаат стекнато неизмерна популарност, критичко одобрување и рекламен успех низ целиот свет. Заклучно со јуни 2008, продадени се над 400 милиони примероци од целиот серијал кој е пак преведен на 67 различни јазици, а последните четири книги имаат поставено рекорд на најпродавани книги.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.