8 декември 883 година- Свети Климент Охридски, заштитник на Охрид  е назначен за прв словенски епископ на Балканот.

433

На 8 декември 883 година, Свети Климент Охридски , родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид  е назначен за прв словенски епископ на Балканот.

Свети Климент Охридски – починал на 27 јули 916  година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголско и кирилично писмо , особено нивното распространување помеѓу христијазираните Словени . Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот . Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква. Во чест на светецот, во Македонија  многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје ( СОборниот храм ) го носи името на Свети Климент, исто така ,УНиверзитетот во Битола  и  Националната универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.