Почетна ВРЕМЕПЛОВ 9 септември-Ден на македонските пливачки победи, на Ла Манш

9 септември-Ден на македонските пливачки победи, на Ла Манш

На 9. септември 1959 година, Нико Нестор (роден како Никола Несторов)  во Струга на 19 јуни 1934 година — основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш. Тој бил предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин,Атина Бојаџи и Дика Бојаџи кои ги поставиле основите на македонското маратонско пливање.

Нестор, на републичките првенства освоил 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година  година година Нестор го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското езеро од св Наум до неговата родна Струга. А една година подоцна, на 9 септември 1959  година, Нестор го направил и историскиот подвиг – станал првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Починал во Скопје на 26 февруари 2016 година.

Атина Бојаџи родена на 13 март 1944 во Охрид  — македонска маратонка во пливање. Уште на 11-годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн.

Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962  година. Вкупно двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеала да стигне само таа и еден пливач од Египет. Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и доделил орден за храброст. Таа до денес останува најмладиот првак на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри-Неапол станала светски првак на солени води.

Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година, за 13 часа и 20 минути (на истиот ден десет години порано и Нико нестор го препливува Ла Манш) и со тоа станува првата Македонка, а воедно и првата пливачка од Југославија, која го остварила овој успех.

metropolis-big