ТДМ со претставата КАСЕТА на фестивалот „Ристо Шишков“

635

На 10. септември 2020 нашиот театар ќе гостува на 28. Меѓународен фестивал на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица со претставата КАСЕТА работена според истоимената драма на Денис Магнусон, во режија на Бесфорт Идризи.

Претставата говори за тинејџерката Тува, која не може да најде заеднички јазик со својот татко, за кој има мислење дека е многу здодевен и ништо не разбира. КАСЕТА има повеќе важни аспекти за младата публика. Од една страна открива цел еден музички свет, но истовремено од друга страна, се фокусира на семејните односи.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.