Александар Темелков, со весел дух до повеќе публика!

299
“За народна музика се одлучив пред се затоа што ми лежи и затоа што ја чувствувам народната музика” , за себе вели младото весело момче Александар Темелков, пејач на народни песни кој освојува со типично машката боја на гласот и со интерпретациите на песните.
Учествува во многу емисии, како и на “Ѕвезде Гранда” во Белград, и, сега веќе почнува неговото време, нови песни, спотови, настапи, снимања, отворање нови порти, чекорење по нови патеки…
Потекнува од Неготино, студира на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, а музиката е оној дел од него без кој Александар – не може.
Досега има снимено седум песни “Ж’та Тиквешка”, “Сине мој ангел мој” , “Љубов моја”, “Ќе се женам јас” , “Само моја”, “Мало лево мало десно” и “Ах мори Магде”, тоа е неговата најнова песна.
Композитор на “Ах мори Магде”  е Славко Ристески,  музичкиот мајстор со кој пејачот постојано соработува од прв момент, а текстот го напиша Ангела Стрезоска. Видео спотот е на” Ин продукција”.
“Ж’та тиквешка” и “Сине мој ангел мој” се снимени во 2019 година, на музика и текст на познатиот Орце Стевковски, аранжман Славко Ристески. 
Ристески е и автор на песната” Љубов моја”, чиј текстуален дел го потпишува  авторот Стојан Лазаревски, а со оваа песна пејачот стана и победник на охридскиот музички фестивал “Канео фест”.
“Ќе се женам јас”, “Само моја”, “Мало лево мало десно текст” се изработени на текстови на Стојан Лазаревски, а композициите и аранжманот повторно се дело на Ристески.
Александар Темелков ни ја претставува својата најнова песна и спот “Ах мори Магде” со која очекува поголема застапеност во медиумите.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.