Цветин одржа хуманитарна изложба во Градскиот парк

150

,,ЦВЕЌЕ НА МИРОТ И ХУМАНОСТА”, беше насловена денешната изложба која во временскиот период од 10 до 14 часот на мостот во Градскиот Парк во Скопје, ја одржа уметникот, хуманист и амбасадор на цвеќето Живко Поповски Цветин заедно со Црвениот крст на Град Скопје. 
Изложени беа стотина слики и две цветни патеки на мирот покрај  оградата на Мостот, се продаваа  слики, слика купи и се попознатиот џезер Сашо Поповски, а дел беа подарени на минувачите и на децата, кои одушевени од овој спонтан и несекојдневен настан донираа и пари во касата за донации. Цветин одржа и ликовна работилница. Поетот Горан Анчевски изрецитира дел од својата поезија, но и од некои од најеминентните македонски пера, Петре  М. Андреевски, Анте Поповски, Радован Павловски и Васил Куновски, а беа изрецитирани и стихови за Македонија од Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе. Ѓе. 

На, денеска наречениот, “Мироцветен мост на мирот и хуманоста” изложбата беше мошне успешна, беше собрана значителна парична сума на средствата од продадените слики и ќе биде подарена на Домовите за стари, по повод ,,Неделата за стари лица”- во Дневниот центар за нега и грижа  на стари лица на Град Скопје  и во домовите за стари лица, Геријатрија и” Мајка Тереза”. Овој хуман перформанс, цвеќиња за златните луѓе со сребрени коси, ќе има свое продолжение во иднина, како заеднички хуманитарен перформанс на џезерот Сашо Поповски, на која тој ќе изведува музика додека сликарот Цветин ќе црта цвеќиња.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.