Андерфест на Први октомври

30

Четвртото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје ќе се одржи на 1 октомври во Биртија Паб.   Пет македонски бендови на четвртото издание на музичкиот фестивал Андер

Прогресивниотмузички фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи на први октомври 2022 година.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.

Оваа година фестивалот ќе се одржи во Биртија Паб и на него ќе земат учество пет македонски бендови кои на сцената ќе ги докажат своите музички перформанси и ќе се мотивираат да продолжат да креираат нови музички дела.

На Андерфест ќе настапат: Преку редВселенаутикаManasДимиш и Yon Idy

Бидејќи Андерфест фестивалот се одржува четврта година веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.

Подржувачи на проектот се градот Скопје, Beefeater и Absolute.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.