Блаж Маротов сними песна, мека, убава, мелодична, и со усна хармоника

96

За новата песна, чија промоција ќе биде во среда на Тв Алфа, популарниот кантавтор Блаж Маротов е уверен дека ќе му е можеби и најголем хит досега.
Композиција “Бог да ми даде сила” на музика, текст и аранжман Блаж Маротов, е работена доста долг временски период, од компонирање, па дефинирање на текстот, и осмислување на аранжманот.
-Ја работев најдолг временски период од досегашните мои дела, сакав секој детал, секоја нота да биде вистинска, таков беше и односот кон продукциската работа и изведбата, која ја работев во моето домашно студио, и на крајот мастерингот го направи Владо Гроздановски- Партимен. Првичната идеа на музиката беше на текст на Цане Трајчевски, но се одлучув на една друга љубовна тема со мои чувства изразени преку збор, во воведната строфа со мала доза на иронија, комика со топол и позитивен пристап. Музиката преовладуваат покрај водечката мелодиска линија, група вокали, кои истотака сам ги изведувам, а на самиот вовед па и низ целата песна многу вешто на усна хармоника, се вклопи мојот колега Панче Бујуклиев, во оваа прилика му изразувам јавно ,,Благодарам”. Сите останати линии во аранжманот се моја изведба, вели Маротов.

Песната ја оставам во нашиот поширок етер аудио и видео, преку еден видео запис кој го работевме со продукција од Нови Сад Гоус-Продакшн, каде имам неколку гости при снимањето, како Дамјан, Марјан, Саве,Горан и Мани.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.