“Бојмија” со Гран при на Меѓународниот натпревар во Свети Николе

49

Гевгелија, 7 март 2023

Играорците од Ансамблот „Бојмија“ освоија Гран при на Меѓународниот фестивал на изворна музика „Тодорица 2023“ во Свети Николе со освоена Гран при награда на Фестивалот. На овој реномиран фестивал се претставија со влашки изворни песни и ора од гевгелискиот крај. Со ова, „Бојмија“ го повтори успехот од 2018 година, кога, исто така, ја освоија првата награда на овој фестивал.
Инаку, со овој Меѓународен фестивал на изворен фолклор, Свети Николе го одбележа празникот на градот Тодорова сабота. Фестивалот започна со прием кај градончалникот Дејан Владев, продолжи со дефиле на учесниците низ градот, по што настаните продолжија во кино-салата во Домот на културата „Крсте Мисирков“. Во програмата, учествуваа групи кои негуваат изворен фолклор од Македонија, Бугарија и Србија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.