Бритни Спирс – Кога славните не можат да го издржат притисокот на животот

1228

Денеска фотографиите на Бритни Спирс како излегува од психијатриско лекување ги преплавија сите светски медиуми, но и ги шокираа нејзините фанови. Таа воопшто не изгледа добро што ги загрижи многумина во светот на шоу бизнисот.

Бритни е ,,уловена” од папараците како со момчето излегува од хотел на Беверли Хилс , а истиот ден се вратила назад на клиниката.

Бритни на почетокот на месецов заврши на клиниката за психолошка помош , откако на татко и со кого била многу блиска , му се искомплицирала и така тешката здравствена состојба. На крајот на три  неделниот престој, Бритни излезе од клиниката за Велигден , а денот го помина со нејзиното момче Сем Асгари.

Бритни по своја воља отиде во клиниката, затоа што не можеше да издржи кога дозна дека татко и Џејми Спирс е во тешка состојба. Токму татко и пред 12 години ја спасил од нервен удар и и помогнал да се врати на сцената. Таа со месеци пие посебен коктел од лекарства , а сега докторите прават приспособување на нејзиниот организам кон нова комбинација на лекови.Бидејќи имало опасност од самоубиство кај пациентот, докторите морале да ја менуваат терапијата постепено, велат извори блиски до пеачката.

Сепак, нејзините обожаватели се надеваат дека ќе ја надмине кризата и на сцената ќе се врати нивната „стара“, убава Бритни.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.