Денови на италијанскиот дизајн во Скопје: Модна ревија и мастер клас на еден од најдобрите италијански дизајнери

22

За деновите на италијански дизајн во Скопје Амбасадата на Р.Италија и ИТА- Italian Trade Agency, организираат настани со кои се промовиира уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизјан. Темата на овогодинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: “Квалитет што инспирира -енергијата на дизајност за луѓето и околината”.
Деновите на Италијанскиот Дизајн во Скопје ќе започнат на 9 март во Ист Гејт Мол со модна ревија на најновите колекции на италијанските брендови ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, и KIKO MILANO, со која ќе се отвори 26тото издание на Fashion Weekend Skopje!
Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизјанот, кои ќе можат лично да ја почувстуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.
На 10 март, на Машинскиот Факултет во Скопје, еден од најпознатите италијански дизјанери, Арслан Додо, ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн и неговите дела. Арслан Додо е прогласен за Амбасадор на италијанскиот дизајн од Министерството за надворешни работи на Италија и е еден од најдобрите 90 дизајнери во светот. Со препознатливиот еклектичен стил, Арслан Додо, има дизајнирано многу уникатни парчиња и е специјализиран во делот на мебел и осветлување. Добитник е на наградата Young & Design Prize, и Mini Design Awards. Арслан Додо е меѓудругото еден од најпопулраните дизајнери во светот и е предавач на повеќе универзитети.
Настанот е од отворен тип и бесплатен, а заинтересираните учесници можат да се пријават директно на Машинскиот Факултет во Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.