Дина Јашари има нова песна: Не сум твој сон

34

-Се радувам што можам да ви соопштам дека мојата нова песна “Не сум твој сон” ја објавив вчера на 19. Ноември 2023 година. Веќе се наоѓа на музички платформи како youtube, spotify, најави младата пејачка Дина Јашари.
Таа деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.
Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште, maja’s handmade world, Mирјана Јосифовска, Vera pinc.

spotify: https://open.spotify.com/album/7Jmxrckzjs4jqwky29Medj?si=y2iK1lhsRuq6u-xQ1R0PIw

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.