Драги Иванов, продуцент од Беркли, промовира  нова песна со наслов “Крута”

Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје, кој има студирано музичка продукција и инженерсто и електронска продукција и соунд дизајн на Беркли, во Бостон Америка од 2018 година е активен на македонската музичка сцена и има соработувано со доста македонски уметници, меѓу кои “Дупер”, “Плутос Даутс”, “Фанк Шуи” и Дина Јашари.
Во последните шест години, исто така споделува своја музика, поактивно оваа година, со што на 11. Јуни  2024 година објави нова песна, “Крута”, на која  е изведувач, кант-автор и продуцент, а воедно е и одговорен за видео записот.
 
 
https://youtu.be/OoFydHIYzG8
 
-Ова е првиот видео запис и го снимав во новиот културно- едукативен центар Лабораториум во Скопје. Иако во поголемиот дел од снимањето сум инволвиран само јас, сето ова би било тешко изводливо без Стефан Момиќ, кој успеа да му даде простор во веќе густиот распоред на Лабораториум, сите прекрасни луѓе што се дел од екипата на Лабораториум што помогнаа на свој начин и направија да се чувствува како дома и Мирослав Илиќ, кој во сред испитна сесија успеа да направи колор и графички дизајн на овој видео запис, ни раскажа авторот.
 
Тој исто така, упати  благодарност до Филип Методиев за прекрасната гитара, како што ни рече, и до Мартина Баракоска за дел од синтисајзерите и оргулите во рефрените и мостот на песната.
 
Промоцијата на песната и спотот се случија во Лабораториум исто така, каде се насними спотот, дента кога се објави Крута и сега е достапна секаде каде што се слуша музика.
 
Линкови до социјални мрежи:
 
Instagram: instagram.com/thisisdragiivanov
TikTok: tiktok.com/@thisisdragiivanov
Facebook: facebook.com/thisisdragiivanov
 
Линк до аудиофајлот:
 
https://drive.google.com/file/d/1Mz2BOoxg5NrN2gzG0n-B1qXP0d2XkeBU/view?usp=sharing
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.