ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ: “40 FINGERS” на 7 април во Скопје

134
© Simone Di Luca

МГ Мјузик Менаџмент Агенција најавува “40 FINGERS” во Скопје како дел од светската турнеја.

07 Април, 2023 (Петок) во 20 часот
Македoнска Филхармонија

Квартет акустични гитари во кои членуваат италијанските гитаристи Matteo Brenci, Emanuele Grafitti, Andrea Vittori i Marco Steffi. Четворица музичари, со сосема различни музички приказни кои
преку таканаречената техника fingerpicking на акустични гитари истражуваат нови звучни универзуми, изведувајќи широк репертоар на оригинални дела до познати музички теми аранжирани за четири гитари. На овој начин тие ни овозможуваат врвна музичка изведба што ја воодушевува и не ја остава рамнодушна публиката.
Реинтерпретација на одличните класици на модерната музика, од Piazzollа до Beatles, од Dire Straits, Queen до Eric Clapton, изразувајки се во различни музички правци од џез до латиноамериканската музика.
Со повеќе од 90 милиони прегледи он-лајн се новата музичка атракција во етерот.
Најлегендарните песни и најдобрите звуци испреплетени и претставени на едно несекојдневно музичко шоу.
Она што следи е возбудливо искуство за публиката.
Најпопуларните песни од настапите вклучуваат:
Toto – Africa, The Eagles – Hotel California, Game of Thrones Medley / The Gael (Last of Mohicans Theme song), Eric Clapton – Tears in Heaven,
Queen – Bohemian Rhapsody, John Williams – Star Wars Medley,Dire Straits – Sultans of swing , The Beatles – Hey Jude

Влезниците се во продажба од 1 Март на : mktickets.mk, karti.com.mk и билетара на филхармонија

© Simone Di Luca

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.