Евровизијата 2024, може да почне!

18

22.03.2024

Доколку сте љубителка или љубител на Евровизиите, и доколку го следите овој музички фестивал континуирано, цело време и веќе се загревате и за овогодишното издание, вистинско време е да почнете интензивно да ги следите новостите и информациите поврзани со тоа.

Еве, денеска веќе излезе линкот на кои канали ќе може да се проследат сите 37 песни кои годинава ќе бидат изведени, а како што знаеме македонска песна нема да се слушне меѓу нив, Македонија не учествува и оваа, како и минатата година.

 

https://eurovision.lnk.to/ESC2024

 

Оваа година ќе се одржи 68. издание на Изборот за песна на Евровизија, во Малме, Шведска, по минатогодишната победа на Лорин со песната Tattoo.

 

Првото полуфинале ќе се одржи на 7, второто на 9 и големото финале на 11 Мај.

Шведска по седми пат ќе биде домаќин на оваа прекрасна манифестација, односно трет пат да се одржува во Малме по 1992 и 2013 година.

Водители ќе бидат убавите водителки Малин Окерман и Петра Меде (на фотосот), кои ги водеа евровизиските натпревари во 2013 и 2016 година.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.