Фатос Керимај и Златко Ориѓански одржаа концерт во Тирана

66
 Скопје, 14 јуни 2022

Вчера вечер во организација и со финансиски средства од општина Тирана, се одржа голем концерт на двајца композитори, Фатос Керимај и Златко Ориѓански.

Првиот од Тирана, вториот од Скопје, секој со половина час своја музика, изведена од симфонискиот оркестар Hybrid symphony составен со музичари од Атина, Тирана и Приштина.

Керимај беше диригент, оркестарот изведе дел од неговата филмска музика, Ориѓански се претстави со дел од музиката за ,,Пред дождот и музика пишувана за театарските претстави на Слободан Унковски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.