Се одржа нов фестивал во модерен танц

6


Гевгелија
2.04.2024

Викендот, во Гевгелија за првпат се одржа
Интернационалниот фестивал во модерен танц „Гевгелија Денс Фест“, во организација на Танцовото студио за модерни танци „Мистик“- Гевгелија. Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, каде што се одржа Фестивалот, се натпреваруваа повеќе танцови студија од земјата и странство, а нивните настапи во повеќе категории ги оценуваше стручна жири- комисија. Настанот предизвика голем интерес кај публиката.
Фестивалот го посети и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на кого организаторот му додели признание изразувајќи му благодарност за довербата и поддршката преку Програмата за организирање спортски активности во општина Гевгелија за 2024 година. Сарамандов истакна дека Гевгелија за првпат доби прекрасен настан од модерното живеење, на којшто учествуваа над 500 учесника од повеќе танцови студија од земјата и странство, како дел од низата успешно-организирани спортски и културни настани коишто имаат голем придонес во афирмирање на градот Гевгелија. Исто така, упати и честитки до „Мистик Денс“ за ентузијазмот и организацијара на настанот, ветувајќи дека Општина Гевгелија и во иднина ќе го поддржи и финансиски и логистички со цел Интернационалниот фестивал да прерасне во традиција, како и сите други ентузијасти кои работат чесно и трудољубиво и творат во својата област, збогатувајќи го културниот и спортскиот живот во Гевгелија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.