ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија ќе добие уредено спортско игралиште, градот доби нов урбан градски парк

10

ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија ќе добие уредено спортско игралиште, за што во тек се изведбените работи за неговата изградба. Увид во активностите изврши градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Ѓорги Стамков. Градежните активности опфаќаат партено уредување, поставување сертифицирана тартан подлога на баскет-игралиштето, а висококвалитетна вештачка трева на фудбалското игралиште.
Како што истакна градоначалникот Сарамандов, овој проект е дел од акцијата за поставување нови модерни спортски подлоги со цел на децата да им се обезбедат услови за правилен раст и развој во текот на образовниот процес, но и надвор од него преку модерна спортска инфраструктура. Исто така, уредено е и спортското игралиште во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци, каде веќе го користат учениците и децата од населено место. 
***
Инаку, Гевгелија доби нов урбан градски парк. На површина од 6.000 м2, паркот се простира помеѓу двете социјални згради, крај булевар „Гевгелија“. Паркот е хортикултурно и партерно уреден, а располага со простор за одмор и рекреација и модерно осветлување.
На одбележувањето на крајот на изведбените работи на новиот градски парк, се одржа свечена манифестација, под мотото „Да ја зачуваме животната средина“, којашто ја проследија голем број присутни граѓани.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во своето обраќање истакна дека овој проект се реализираше по барање на граѓаните, чија иницијатива се прифати во рамки на расправата по Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
– Идејата на граѓаните стана реалност и Гевгелија за првпат доби модерен парк по примерот на урбаните градови.. Нека новиот парк им служи на многу генерации, рече Сарамандов, упатувајќи апел до граѓаните да бидат внимателни во користењето со цел да се сочува.
– Во изминатиот период, Општина Гевгелија презеде повеќе акции за зачувување на животната средина- по затворањето на старата градска депонија, на просторот кај Сува Река извршивме хортикултурно уредување, а во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија го имплементираме Проектот за примарна селекција на комуналниот отпад, со што е направен сериозен исчекор во повеќе населени места, истакна Сарамандов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.