Фотогалерија од концертот „Лезет” со виолинистот Александар Иванов

25
Exif_JPEG_420

Синоќа, 26 јануари 2022 година, во салата на Филхармонија настапи младиот македонски виолинист Александар Иванов, на концертот насловен “Леџер”.
Тој отсвири заедно со оркестарот, делата:„Психофонија” од македонскиот композитор Ристо Аврамовски со чија изведба се одбележаа 80 години од раѓањето на авторот, потоа и концертот за виолина и оркестар во Дe-дур, оп. 35 од Ерих Волфганг Корнголд и „Гогољ суита” од Алфред Шнитке.
Со оркестарот диригирање маестро Борјан Цанев.

***
Најмладиот добитник на наградата „Виртуози”, Александар Иванов ги спојува експресивната музикалност и техничката експертиза со разновиден репертоар, водени од уметничката љубопитност. Неговата вистинска страст лежи во експресивните можности на доцните романтични композитори. Тој е ученик на познатата школа Џулијард, под менторство на Лори Смуклер. Александар Иванов е добитник на Меморијалната стипендија „Теплицки”, стипендијата „М. и Е. Коен” и стипендијата „Хариет и Дејвид Колвин”… Летото 2022 година во Аспен, тој беше прикажан во серијалот Стринг Шоукејс, концерт организиран од познатиот виолински педагог Роберт Липсет. Во 2022 година, Александар стана соработник на Глук на Џулијард. Со ансамблот Artivisam, тој прави опширни програми за информирање на заедницата и настапи во Њујорк. Снимаше и за WRTI Radio (90,1 FM), Филаделфија, САД. Во 2018 година, на отворањето на фестивалот „Денови на македонската музика” Александар изведе новонарачан концерт за виолина од неговиот брат Филип Иванов. Следните концерти во пролетта вклучуваат повеќе изведби на камерна музика во Њујорк, како и настапи со дел од Студентскиот гудачки квартет при Џулијард на „Денови на македонската музика”. Тој свири на виолина направена од Гаетано Антоањаци, која му е позајмена од школата Џулијард.
Има настапувано со Македонската Филхармонија и други познати оркестри.

Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.