Астро свет-Месечината во коњукција со Јужниот месечев чвор во Јарец

1080

Деновиве, од 13. април до 6.мај на небото нови предизвици за сите астролошки знаци, поврзани со емоциите, стравот и кармата.

Имено од 13. април, имаме состојба кога полната месечина направи егзактна коњукција со Јужниот месечев чвор во Јарец и таа состојба ќе трае се до 6. мај кога Месечевиот чвор ќе се пресели во Стрелец а Месечината ќе премине во Водолија. Дотогаш многу преиспитувања, силни емоции и стравови кои се поврзани со глобалните но и индивидуалните астро карти и состојби.

Кога некој натално ја има оваа позиција и ако таа му е во прво поле, тоа значи силни емоции што доведуваат до неконтролирани стравови посебно врзани за најблискте во семејството: децата, мајката, сестрата и оние што носат женска енергија.

Овие денови Овновите ќе се соочуваат со стравови од типот:Што ќе биде после и што да направам да не дојдам во тешка ситуација?; Лавовите исто ќе ги мачат состојби поврзани со работа и стравови за најблиските а со тоа ќе се соочуваат и Стрелците кои повеќе ќе ги мачи финансиската неизвесност.

Биковите ќе решат конечно да сменат нов лист во својот живот, а  на Близнаците  и Шкорпиите некако ќе им олесни од секојдневните грижи.

Најтешко со оваа состојба ќе се носат припадниците на знакот Јарец, Девица и Вага. Додека Јарците нема да знаат како да ги контролираат емоциите кои ќе им доведат многу негативни состојби, Вагите ќе бидат преокупирани со себе си и своите проблеми и тешко дека до нив ќе допре туѓа невоља. Девиците ќе се борат со стравот за губење на некој близок и немањето на контрола врз состојбата во која се наоѓаат.

Водолиите и во оваа планетарна тешка состојба ќе се наоружаат со трпение и а претставниците на Рибите мирно ќе чекаат да дојде 6.мај.

Во секој случај после ова можеме да очекуваме и мала светлина на крајот од тунелот  а што ќе кажат другите планети ќе видиме со Мајскиот планетарен распоред на небото.

Совет: Чувајте ги емоциите, борете се со стравовите и имајте трпение!

Пишува

М-р Татјана Гогоска

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.