Култура во време на корона – Изведбени и онлајн активности во Скопје

339

Град Скопје, заедно со градските културни институции, објавува Јавен повик за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои ги изгубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. 

Вид на проекти:

1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје;

2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца… во времетрење до 2 часа

Критериуми:

– Предност ќе имаат уметници/творци/артисти кои во овој период немаат ангажмани и не се вработени;

– Нема ограничување на возраст;

– Да имаат место на живеење во Скопје;

Надомест:

– Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денарi.

Повикот е отворен од 13.4.2020 и ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација. 

Kомисија составена од претставници на Град Скопје и јавните културни установи од Град Скопје континуирано ќе врши избор на поддржани проекти.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.