Иги Мен и Рико Санчез со заедничка преработка ќе ја освојуваат Европа

126
Станува збор за соработка на Рико Санчез и Иги Мен со римејк на една оригинална песна првично снимена и издадена во 1998 година.
– Песната “Por Un Amor ” е една од моите омилени кога станува збор за авторската музика на Љупчо Ќурчиевски (надвор од нашата земја познат како Рико Санчез) ни открива Игор Станоески Иги Мен и додава:
– На мое големо задоволство при спонтан муабет заеднички се роди идејата за римејк верзија на истата!
Познанството меѓy Игор и Рико (во Скопје првично познат по неговиот бенд “Тартиф” од 70-тите години) е дел од личнната историја на двајцата и опфаќа повеќедецениски период.
Песната е снимена во студиото “Алшар”, од страна на Ивица Јанкуловски, кој се погрижи и за обработката на звук, микс и мастеринг.
Звукот има органски карактер, што подразбира дека станува збор за инструменти отсвирени во живо.
Песната” првенствено ќе добие своја радио промоција во Австрија и остатокот на Европа, а подоцна ќе следува и видео запис за истата.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.