111.000 евра донација од Јапонија за Општа болница Струга и Општа болница Охрид

223

На 6-ти декември, 2021 година, Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори го потпиша третиот и четвртиот грант договор во 2021 година, во рамки на јапонската GGP-грант програма за мали проекти за човекова безбедност во Република Северна Македонија, чија цел е подобрување на основните човекови потреби.

Церемониите за потпишување на грант договорите на кои учествуваше Н.Е.
Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада, ги отворија Претседателката на Општинскиот совет на Струга, г-а Арбереша Влаши во Општина Струга и Градоначалникот на Охрид, г. Кирил Пецаков во Општина Охрид. Амбасадорот Савада го потпиша грант договорот со директорот на Општа болница Струга, д-р Арменд Арслани во Струга и со директорот на Општа болница Охрид, д-р Горан Балевски во Охрид.

Проектот за подобрување на медицинските услуги преку набавка на ултразвук систем за Јавна здравствена установа Општа болница Струга, во вкупен износ од 50.822 еврa; има за цел да го подобри квалитетот на медицинската грижа за женското здравје. Новата опрема ќе ја подобри работата на Одделот за гинекологија во болницата.

Проектот за подобрување на медицинската средина на Јавна здравствена установа Општа болница Охрид, во вкупен износ од 60.188 евра; има за цел да го подобри квалитетот на здравствената нега за пациентите во југозападниот регион. Новата мобилна рентген машина ќе ја унапреди работата на Одделот за хирургија во оваа болница.

Досега Јапонија има донирано шест грантови во овие две општини, преку GGP-програмата. Со новите два проекти потпишани во 2021 година, вкупната поддршка од Јапонија за Струга и Охрид достигнува повеќе од половина милион евра.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи и обезбеди 31 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 49 општини.

Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствена нега, образование, животна средина, култура, спречување на природни катастрофи, справување со бегалската криза, а доделена е и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка, не информираат од Амбасадата на Јапонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.