Концерт „Уметничка соработка“ на Musica Viva на ФМУ

64

Концертот „Уметничка соработка“ во рамките на програмата Musica Viva како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ – Скопје ќе се реализира на 21 декември (вторник). Настапуваат студентите од класите
по корепетиција практика на вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф.
м-р Сара Николовска и вонр. проф. д-р Елена Атанасовска-Ивановска, во соработка со студентите од класите по соло пеење, дувачки и гудачки инструменти на проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. м-р Владимир Костов,
проф. м-р Стојан Димов, проф. м-р Страшо Темков, проф. д-р Горан Начевски, вонр. проф. м-р Ана Дурловски, м-р Александар Поп Христов.
Концертот ќе се одржи во Фоајето на НУ Национална опера и балет со
почетокот во 20 часот.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 во работни денови од 8 до 16 часот или на
[email protected] до 21 декември 16 часот.
Настаните се одржуваат според протоколите за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести и зависат од моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19.
За повеќе информации во врска програмата на концертот упатуваме на линкот:
http://www.fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/60657/Koncert-Umetnichka-sorabotka-vo-ramkite-na-programata-Musica-Viva-21-dekemvri-vtornik-2021-godina

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.