Концертна промоција на албумот „New era” на Никола Мицевски

8

9 декември во Центарот за култура во Битола ќе се случи концертната промоција на долгогодишниот соработник и пријател на Авалон Продукција, Никола Мицевски по повод неговиот извонреден нов албум „NEW ERA“, најавија од продукцијата.
Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.
Никола Мицевски, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд од околу 15 академски музичари спремаат едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика!
Влезниците за првиот од неколкуте концерти ќе бидат во продажба од среда (16ти ноември) онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.