Денот на толеранција се одбележува и во Македонија

22

По повод Меѓународниот ден на Толеранција на прогласен од ОН – 16 ноември, истиот ден 16 ноември, со почеток во 12 часот, во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи настан за меѓуетничка и меѓуверска толеранција, под мото „Чекориме заедно“ со главна тема соживот.
Настанот е во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, кој по шести пат организира активности за одбележување на овој ден.
Настанот ќе започне со проекција на краткометражниот филм „Награда“ напишан и режиран од Лидија Мојсовска, кој обработува теми поврзани со етничките и верските предрасуди и потребата за толеранција помеѓу различните заедници.
По филмот ќе следи трибина и дискусија која ќе биде модерирана од Елена Гаговска, граѓанска активистка и фриленс новинарка/писателка, а соговорниците ќе бидат луѓе кои се истакнати во полињата на образованието и граѓанскиот сектор:
– г-ѓа Виолета Георгиевска, менаџер на програмата за развој на деца и поранешен директор на СОС детско село;
– г-ѓа Тамара Ќупева, Научен соработник во Институт за македонска литература, УКИМ и долгогодишен професор во средно училиште;
– г-н Насер Мифтари, професор по историја при СУГС “Зеф Луш Марку”-Скопје, долгогодишен просветен работник и граѓански активист;
– г-н Кенан Таир, комуникациски координатор од граѓанската организација за правата на Ромите „Ромалитико“.
На настанот ќе присуствуваат ученици и наставници од различни средни училишта со цел да се подигне свеста кај младите за меѓу-етничка и верска толеранција.

Настанот е отворен за јавноста.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.